ВО СОБРАНИЕТО НЕ ПОМИНАА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ДИВОГРАДБИ

    ВО СОБРАНИЕТО НЕ ПОМИНАА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ДИВОГРАДБИОсвен промената на рокот за легализација, со предложените законски измени беше предвидено да се запрат и сите граѓански, управни и судски постапки, вклучително и кривичните пријави. (архивска фотографија)

    Во Собранието не помина предлогот на пратеникот Скендер Реџепи во скратена постапка да се носат измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои ќе можеше да се легализираат дивоградби изградени до 31.12.2022 година, место до 4.3.2011, како што предвидува законот.

    На денешната седница, „за“ предлогот на пратеникот Реџепи, кој неодамна формираше нова партија „Движење народ“, гласаа 20 пратеници, „против“ беа 63 и еден пратеник беше „воздржан“.

    Освен промената на рокот за легализација, со предложените законски измени беше предвидено да се запрат и сите граѓански, управни и судски постапки, вклучително и кривичните пријави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира