БУРАТА ЗОЛТАН ЈА ПОГОДИ ГЕРМАНИЈА СО СИЛНИ ВЕТРОВИ И ДОЖДОВИ И ГО НАРУШИ СООБРАЌАЈОТ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ

    БУРАТА ЗОЛТАН ЈА ПОГОДИ ГЕРМАНИЈА СО СИЛНИ ВЕТРОВИ И ДОЖДОВИ И ГО НАРУШИ СООБРАЌАЈОТ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕВетрови со брзина од над 100 километри на час се очекуваат и вечерва, а утре ќе бидат нешто послаби (Фото: ДПА)

    Невремето Золтан предизвика големи нарушувања во претпразничните патувања, особено во северна Германија, донесувајќи силни дождови и ветрови. Поморско-хидрографската агенција на Германија објави дека силното невреме во областа на Хамбург го достигнало врвот и водата се повлекува откако достигна 3,33 метри.

    Илјадници патници чекаа на железничките платформи, откако бројни возови на долги релации беа откажани. Особено лошо се погодени железничките линии на северот.

    Во северна Германија и во централната покраина Хасе паднале бројни дрвја, што дополнително го закочи сообраќајот.

    Дојче бан распореди тешка опрема за да ги расчисти пругите што е можно побрзо. Сите екипи за расчистување се на терен“, изјави портпаролката на германските железници.

    Золтан прво удри во северозападна Германија откако претходно помина низ други земји, како Велика Британија и Данска. Ветрови со брзина од над 100 километри на час се очекуваат и вечерва, а утре ќе бидат нешто послаби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира