ЕПИДЕМИЈА НА „БОЛЕСТА НА ЕЛЕНИ ЗОМБИ“ СЕ ШИРИ ВО ПАРКОТ ЈЕЛОУСТОН ВО САД, НАУЧНИЦИТЕ СТРАВУВААТ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕНЕСЕ И НА ЛУЃЕ

    ЕПИДЕМИЈА НА „БОЛЕСТА НА ЕЛЕНИ ЗОМБИ“ СЕ ШИРИ ВО ПАРКОТ ЈЕЛОУСТОН ВО САД, НАУЧНИЦИТЕ СТРАВУВААТ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕНЕСЕ И НА ЛУЃЕБолеста, што се шири кај елен, лос, карибу и ирваси, е фатална, без познати третмани или вакцини. (Фото: НПС)

    Во Северна Америка расте предупредувањето дека кај дивите животни се шири фатална болест на хронична исцрпеност од типот на кравјо лудило што може да прејде и на другите видови. Предупредувањата се зголемија откако во октомври од болеста угина елен во националниот парк Јелоустоун, северозападен Вајоминг – првиот потврден случај на болеста во најпознатиот природен резерват во земјата. Со години, болеста на хронична исцрпеност, предизвикана од приони – абнормални, преносливи патогени агенси – се шири полека низ Северна Америка, а за неа алармирале прво ловците откако забележале елени кои се однесуваат чудно.

    Прионите предизвикуваат промени во мозокот и нервниот систем на болното животно, кое се лигави, станува летаргично, изнемоштено, се тетерави и има „празен поглед“, поради што болеста се нарекува и „болест на елени зомби“. Се шири низ семејството на цервиди: елен, лос, карибу и ирваси. Болеста е фатална, без познати третмани или вакцини.

    Откривањето на болеста во Јелоустоун, чиј екосистем поддржува најголема и најразновидна низа големи диви цицачи во континенталниот дел на САД, претставува важен јавен повик за будење оти болеста има огромни еколошки импликации, вели д-р Томас Роф, ветеринар и поранешен шеф на американската федерална агенција за животни, риби и див свет. Роф со децении предвидуваше дека болеста ќе стигне до Јелоустоун, предупредувајќи дека и федералната влада и државата Вајоминг треба да преземат агресивни мерки за да помогнат да се забави нејзиното ширење. Тие предупредувања главно не се послушаа, вели тој, а сега последиците ќе се појават пред милионите што го посетуваат паркот секоја година.

    Болеста е „катастрофа која бавно се движи“, според епидемиологот кој го проучувал кравјото лудило во Велика Британија.

    „Имаме работа со болест која е секогаш фатална, неизлечива и многу заразна. Загриженоста е дека немаме ефикасен лесен начин да ја искорениме, ниту од животните што ги инфицира ниту од околината што ја контаминира“, вели д-р Кори Андерсон.

    Штом околината е заразена, патогенот е исклучително тешко да се искорени. Може да опстојува со години во нечистотија или на површини, а научниците велат дека е отпорен на средства за дезинфекција, формалдехид, радијација и согорување на 600 степени Целзиусови. Во САД и Канада, болеста привлече внимание не само затоа што ги погодува големите диви животни, туку и поради можноста да се пренесе на други видови. Елен и лос може да зарази добиток, други цицачи, птици или дури и луѓе.

    Епидемиолозите велат дека фактот што ова уште не се случило, сепак не значи дека нема да се случи. Болеста е една од кластерот на фатални невролошки нарушувања во кои спаѓа и кравјото лудило.

    „Избувнувањето на кравјото лудило во Британија даде пример за тоа како, преку ноќ, работите можат да станат луди кога ќе се случи болеста да премине на пример, од добиток на луѓето“, вели д-р Андерсон. „Зборуваме за потенцијалот да се случи нешто слично. Никој не вели дека тоа дефинитивно ќе се случи, но важно е луѓето да бидат подготвени“.

    Алијансата за јавен див свет во 2017 процени година дека луѓето несвесно јадат 7.000 до 15.000 животни заразени со болеста годишно и дека бројот се очекува да се зголемува за 20% годишно. Во Висконсин, каде тестирањето на месото од дивеч е доброволно, Андерсон и Остерхолм велат дека многу илјади луѓе веројатно јаделе месо од заразен елен. Според Геолошкиот институт на САД, болеста сега е присутна во 32 држави и три канадски провинции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира