Граѓаните на Косово од денеска можат да патуваат без визи во земјите од Шенген зоната. Визната либерализација им овозможува на граѓаните на Косово кои имаат биометриски пасоши да престојуваат до 90 дена во која било од 27-те членки на Шенген. Ова не се однесува на Шпанија, бидејќи таа ја нема признато независноста на Косово.
Од меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина денеска организирано заминаа 50 граѓани кои освоија патување во Виена.
Од 2018 година, Европската комисија неколкупати потврди дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација, но некои држави изразуваа резервираност. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека со години граѓаните биле лишени од правото да патуваат без визи во Шенген зоната.
„Ги повикувам граѓаните кои патуваат без визи да ги почитуваат барањата и критериумите бидејќи така ја почитуваме и воздигнуваме нашата земја“, кажа Курти на церемонијата на аеродромот во Приштина.