ЈАПОНИЈА ОТКРИВА ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПО ВЧЕРАШНИОТ МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС, НАЈМАЛКУ 30 МРТВИ, ВО ГРАДОТ СУЗУ УНИШТЕНИ 1.000 ДОМОВИ

    ЈАПОНИЈА ОТКРИВА ГОЛЕМИ ШТЕТИ ПО ВЧЕРАШНИОТ МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС, НАЈМАЛКУ 30 МРТВИ, ВО ГРАДОТ СУЗУ УНИШТЕНИ 1.000 ДОМОВИПо првичниот земјотрес од 7,6 степени според Рихтерова скала, властите издадоа предупредување за големо цунами (Фото: АП)

    Најмалку 30 луѓе загинаа во моќниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на првиот ден од новата година, додека спасувачките екипи се мачат да стигнат до некои изолирани области каде што има урнати згради и оштетени патишта, а десетици илјади домови се без струја. По првичниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала, властите издадоа предупредување за големо цунами, повикувајќи ги жителите на некои крајбрежни области да се евакуираат на повисоки подрачја.

    Илјадници војници, полицајци и пожарникари се распоредени во најтешко погодената област Ното во префектурата Ишикава.

    Потрагата и спасувањето се претворија во трка со времето. Потврдени се големи штети и бројни жртви. Најтешко се стигнува до северниот врв на полуостровот Ното поради уништени патишта, а испитувањата од хеликоптер открија многу пожари и големи штети на згради и инфраструктура“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

    Во Сузу, крајбрежен град со околу 5.000 жители близу епицентарот на земјотресот, се уништени околу 1.000 домови.

    Ситуацијата е катастрофална“, изјави градоначалникот Масухиро Изумија.

    Досега е потврдено дека 30 луѓе загинале во префектурата Ишикава, од кои половина во градот Ваџима.

    Регистрирани се повеќе од 140 тресења по вчерашниот прв земјотрес, по кој беше наредена евакуација на 100.000 луѓе поради можни цунами и бранови високи до пет метри. Степенот на тревога по неколку часа беше намален и многумина потоа се вратија во своите домови. Повеќе од 33.000 домови и натаму се без струја, а многу градови немаат ни вода за пиење.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира