ПРАТЕНИК ОД ПАРТИЈАТА НА МЕЛОНИ ПОД ИСТРАГА ОТКАКО ОД НЕГОВ ПИШТОЛ БИЛО РАНЕТО ЕДНО ЛИЦЕ ЗА НОВА ГОДИНА

    ПРАТЕНИК ОД ПАРТИЈАТА НА МЕЛОНИ ПОД ИСТРАГА ОТКАКО ОД НЕГОВ ПИШТОЛ БИЛО РАНЕТО ЕДНО ЛИЦЕ ЗА НОВА ГОДИНАЕмануеле Пелоцо призна дека пиштолот е негов, но негираше дека тој пукал (Фото: италијански парламент)

    Италијанските обвинители покренаа истрага против пратеник од редовите на партијата на премиерката Џорџа Мелони, откако со истрел од негов пиштол полесно било рането едно лице во новогодишната ноќ. Емануеле Пелоцо, член на владејачката партија Браќа на Италија, призна дека на него му припаѓа малиот пиштол од кој бил испукан еден куршум, но негираше дека тој пукал.

    Опозицијата ја повика Мелони да го исклучи Пелоцо од партијата.

    Во инцидентот лесно бил ранет зет на припадник на обезбедувањето кое го придружувало заменик-министерот за правда, кој исто така присуствувал на прославата во северното село Росаца.

    Обвинителите кажаа дека го истражуваат Пелоцо за ранување, опасно користење оружје и за несоодветна грижа за оружје. Пелоцо имал дозвола за оружје, но опозициските политичари прашуваат зошто тој носел пиштол на новогодишна прослава.

    Од десничарската партија Браќа на Италија соопштија дека против Пелоцо ќе бидат преземени мерки ако биде утврдено дека сторил нешто погрешно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира