ЈУЖНА КОРЕЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА ПРОДАЖБА НА КУЧЕШКО МЕСО

    ЈУЖНА КОРЕЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА ПРОДАЖБА НА КУЧЕШКО МЕСОНовото законодавство ќе стапи на сила за три години (Фото: Гети)

    Јужна Кореја усвои нов закон со кој ќе се забранат колењето и продажбата на кучиња заради нивното месо до 2027 година. На овој начин треба да се стави крај на повеќевековната практика на јадење кучиња, што стана сѐ понепопуларно меѓу младата популација.

    Според новиот закон, ќе биде забрането да се одгледуваат и колат кучиња заради исхрана, како и дистрибуцијата и продажбата на кучешко месо. Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за ова би можеле да добијат затворски казни до три години. Сепак, самото консумирање кучиња нема да биде незаконско.

    Новото законодавство ќе стапи на сила за три години, за да им се остави време на фармерите и рестораните да пронајдат алтернативн извори на вработување и приходи. Владата вети дека целосно ќе ги поддржи сите оние кои ќе мора да ги затворат своите бизниси.

    Според владините статистики, лани во Јужна Кореја имало 1.600 ресторани за кучешко месо и 1.150 фарми за кучиња. Некои постари Јужнокорејци го сметаат гулашот со кучешко месо за деликатес, додека ова месо веќе не е толку популарно кај младите.

    Јужна Кореја уште од 1980-тите се обидуваше да ја донесе оваа забрана, но претходните влади не успеваа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира