НАСА ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА, ТОА НАЈРАНО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО СЕПТЕМВРИ 2026

    НАСА ГО ОДЛОЖИ ВРАЌАЊЕТО НА ЛУЃЕТО НА МЕСЕЧИНАТА, ТОА НАЈРАНО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО СЕПТЕМВРИ 2026НАСА веќе ги претстави вселенските одела на следната генерација астронаути (Фото: Гети)

    Астронаутите на НАСА нема повторно да одат по Месечината најрано до септември 2026. Ова претставува едногодишно одложување на враќањето на луѓето на Месечината за првпат од 1972 година. НАСА кажа дека одложувањето на мисијата „Артемис 3“ ќе овозможи дополнителен развој на технологијата.

    Нема да летаме додека не бидеме подготвени. Најважна ни е безбедноста“, изјави директорот на НАСА, Бил Нелсон.

    НАСА исто така ја помести пробната мисија „Артемис 2“ за септември 2025, кога четворица астронаути ќе летаат околу Месечината, но нема да стапнат на неа. Овој лет претходно беше планиран за крајот на оваа година.

    Првата мисија на „Артемис“ беше реализирана во ноември 2022, во вид на демонстрациски лет на ракетата „СЛС“ и капсулата „Орион“ без човечка посада. Во оваа капсула прво треба да се инсталира систем за одржување во живот пред четворицата астронаути да можат да влезат во неа, а од НАСА кажаа дека тој ќе мора да се ревидира зашто се појавиле проблеми со електрониката.

    Сепак, најголемиот проблем за „Артемис 3“ е леталото за слетување, што ќе го обезбеди „СпејсЕкс“ на Илон Маск. Тоа ќе биде верзија на огромното возило „Старшип“, што моментално се тестира во Тексас. Идејата е астронаутите да се превезуваат со „Старшип“ до орбитата на Месечината, а потоа да се спуштат на нејзината површина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира