БИВШИОТ ПОЛСКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КАМИНСКИ ПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД, ВЕЛИ ДЕКА Е ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК

    БИВШИОТ ПОЛСКИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КАМИНСКИ ПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД, ВЕЛИ ДЕКА Е ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИККамински вчера беше уапсен во претседателската палата (Фото: Гети)

    Бившиот полски министер за внатрешни работи Мариуш Камински објави дека почнал штрајк со глад како политички затвореник, откако вчера беше уапсен во претседателската палата, заедно со својот поранешен заменик Мацеј Васик.

    Двајцата пратеници од редовите на партијата Закон и правда минатиот месец беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба од периодот кога водеа антикорупциска агенција во 2007, но тие одбија да ја прифатат оваа одлука бидејќи претседателот Анджеј Дуда ги помилува за тоа во 2015.

    „Објавувам дека ја сметам мојата пресуда за чин на политичка одмазда. Како политички затвореник, почнав штрајк со глад на првиот ден од моето затворање“, изјави Камински, кој обвини дека во Полска се раѓа мрачна диктатура.

    Минатата година, врховниот суд на Полска кажа дека случајот со Камински и Васик повторно треба да биде отворен, по што тие беа осудени на две години затвор.

    „Ако политичар е во затвор, тоа не значи дека е политички затвореник“, изјави заменичката на министерот за правда Марија Ејхарт.

    Дуда, кој исто така кажа дека не ја признава судската одлука за поништувњае на помилувањето, изјави дека нема да мирува додека Камински и Васик не бидат на слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира