ПОЧИНА ДВЕГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД КИЧЕВО, ТАТКОТО Е ОСОМНИЧЕН ДЕКА ЈА ПРЕТЕПАЛ

    ПОЧИНА ДВЕГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД КИЧЕВО, ТАТКОТО Е ОСОМНИЧЕН ДЕКА ЈА ПРЕТЕПАЛДевојчето починало на скопскиот Клинички центар, каде било хоспитализирано од 18 декември. (Фото: К. Попов)

    Двегодишно девојче од Кичево почина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а осомничен е нејзиниот 30-годишен татко дека  ѝнанел тешки телесни повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Според соопштението од СВР Охрид, на 10.01.2024 година во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф. Д. (30) од Кичево.

    „Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала“, велат од СВР Охрид.

    Во координација со јавен обвинител, против Ф. Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

    „Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти Обвнителството.

    Од Министерството за здравство соопштија дека на 19 декември, во Ургентниот центар во Општата болница Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка, која во болницата е донесена од нејзината мајка.

    „Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс ‘Мајка Тереза’, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохирургија, во Скопје. И покрај сите заложби на лекарите, за жал, двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи“, соопшти Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира