МИЦОТАКИС СЕ СООЧУВА СО ЖЕСТОК ОТПОР ОТКАКО ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОЗАКОНИ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ ВО ГРЦИЈА

    МИЦОТАКИС СЕ СООЧУВА СО ЖЕСТОК ОТПОР ОТКАКО ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ОЗАКОНИ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ ВО ГРЦИЈАМицотакис кажа дека Грција никогаш нема да го легализира сурогат родителството (Фото: Интајм њуз)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се наоѓа пред еден од најголемите предизвици досега откако вети дека ќе ги легализира истополовите бракови, што предизвика жестока дебата во земјата, во која што црквата има огромно влијание во јавниот живот. Мицотакис призна дека ќе мора да ги употреби своите вештини за убедување за да ги спроведе реформите, додека постои силна опозиција дури и во неговата партија Нова демократија.

    Јас и сите оние кои веруваат во ова законодавство мораме да ги убедиме нашите парламентарци и оние кои можеби сѐ уште имаат негативен став. Она што ќе го донесеме е еднаквост во бракот, што значи елиминација на секоја дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Тоа не е нешто радикално различно од она што важи во другите европски земји“, кажа Мицотакис.

    Во едно од најконзервативните општества во Европа, Мицотакис се соочува со силен отпор не само во својата влада, туку и од моќната Православна црква, која предупреди дека озаконувањето на истополовите бракови ќе биде првиот чекор кон одобрувањето на родителските права за ЛГБТ заедницата и кон демонтирањето на грчкото општество.

    Децата не се миленици или додатоци. Никаква општествена модернизација или политичка коректност не може да ја измами природната потреба на децата од татко или мајка“, соопшти Светиот синод на црквата.

    Пирејскиот митрополит Серафим се закани дека ќе ги екскомуницира пратениците кои ќе гласаат за геј браковите, а за хомосексуалноста рече дека е голем грев и злоупотреба на телото.

    Мицотакис кажа дека многу размислувал и читал за оваа тема, но вети дека Грција нема да го легализира сурогат родителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира