ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ 35 ЛУЃЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ОД РЕСТОРАН ВО МАЛМЕ БЕЗ ДА ЈА ПЛАТАТ СМЕТКАТА ОД НАД 7.000 ЕВРА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ 35 ЛУЃЕ КОИ ЗАМИНАЛЕ ОД РЕСТОРАН ВО МАЛМЕ БЕЗ ДА ЈА ПЛАТАТ СМЕТКАТА ОД НАД 7.000 ЕВРАВодичот на „Мишелин“ даде позитивни оценки за ресторанот „Атмосфер“ во Малме

    Шведските судски власти повторно ќе отворат истрага за неплатена сметка од над 82.000 круни (7.600 евра) во еден ресторан откако полицијата го отфрли случајот. Група од 35 луѓе јадела и пиела во ресторан во Малме за Божиќ, а потоа заминале без да платат.

    Полицијата ја затвори истрагата во понеделникот, но обвинителите наредија повторно да се отвори поради големиот интерес на јавноста.

    Вечерта на 25 декември, групата нарачала храна во вредност од 2.500 евра и пиење за 5.100 евра и весникот „Сидсвенскан“ објави копија од сметката. Тие потоа си заминале со неколку такси возила.

    Откако била известена за измамата, полицијата запрела неколку возила во разни делови од градот, при што во едно биле две деца.

    Полицијата ја затвори истрагата откако кажа дека ресторанот испратил фактура до лицето кое ја направило резервацијата, што вклучувало камата за задоцнето плаќање од 10%, додавајќи дека работата ја презема компанија за наплата на долгови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира