ИСЕЧЕНИ 30 ЧЕМПРЕСИ ВО ШУМА НА РИДОТ СВ. ИЛИЈА КАЈ ВЕЛЕС

    ИСЕЧЕНИ 30 ЧЕМПРЕСИ ВО ШУМА НА РИДОТ СВ. ИЛИЈА КАЈ ВЕЛЕССечата била направена во периодот меѓу Нова година и Василица (Фото: СДК.МК)

    Велешките рекреативци алармираат дека се сечат садници чемпрес во околината на Велес, на ридот Св. Илија. Според нивните сведочења, исечени биле околу 30 стебла од тамошната шума, и тоа во периодот меѓу Нова година и Василица.

    „Исечени се чемпреси стари 40-ина години. Кога отидов до манастирот ‘Св. Илија‘, имав што да видам, вистински маскар. Дрвјата се исечени до корен, стеблата земени, а гранките оставени. За каква намена се искористени, не можам да кажам, но ова е страшно. Помнам дека шумата ја садеа многу генерации велешки ученици, за сега некои наши сограѓани да ја уништуваат. Верувам дека се повеќе лица, оти ова не може сам да се направи“, кажа еден од повеќето сведоци на исечените стебла чемпрес.

    Рекреативците апелираат до шумската полиција од шумското стопанство „Бабуна“ од Велес да преземат мерки за откривање на сторителите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира