ХУТИТЕ ПОГОДИЈА АМЕРИКАНСКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ВЕТИЈА ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО НАПАДИТЕ

    ХУТИТЕ ПОГОДИЈА АМЕРИКАНСКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ И ВЕТИЈА ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО НАПАДИТЕХутите контролираат најголем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море (Фото: Гети)

    Хутските сили во Јемен погодија американски товарен брод со противбродски балистички проектил, потврди Централната команда на американската војска, додавајќи дека нема жртви и значајни штети.

    Операторот на бродот „Гибралтар игл“ соопшти дека тој бил погоден со неидентификуван проектил додека минувал низ Аденскиот Залив околу 170 километри од брегот на Јемен, при што имало минимална штета на товарот што го превезувал.

    И покрај тоа, бродот остана стабилен и отплови надвор од областа“, соопшти компанијата „Игл балк“.

    Хутските бунтовници, кои контролираат најголем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море и се поддржани од Иран, напаѓааат комерцијални бродови во оваа област за кои велат дека се поврзани со Израел или пловат кон израелските пристаништа. Поради тоа, САД и Велика Британија минатата недела изведоа воздушни напади на хутски цели во Јемен. Хутите ветија дека ќе продолжат со нападите во Црвеното Море.

    Нашите идни мети ќе вклучуваат и американски бродови. САД се на прагот да ја изгубат својата поморска безбедност“, изјави портпаролот на хутите Насрулдин Амер.

    Американската војска истовремено кажа дека соборила противбродски проектил кој бил лансиран од хутските позиции кон американскиот воен брод „Лабун“ во Црвеното Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира