БЕЛГИЈА ЛАНИ ФАТИЛА РЕКОРДНИ 116 ТОНИ КОКАИН, НО ВЕЛИ ТОА Е САМО ДЕСЕТИНА ОД ОНА ШТО ДОАЃА ОД ЈУЖНА АМЕРИКА

    БЕЛГИЈА ЛАНИ ФАТИЛА РЕКОРДНИ 116 ТОНИ КОКАИН, НО ВЕЛИ ТОА Е САМО ДЕСЕТИНА ОД ОНА ШТО ДОАЃА ОД ЈУЖНА АМЕРИКАНајмногу кокаин во Европа доаѓа од Еквадор, Панама и Колумбија

    Белгиските власти минатата година заплениле рекордно количество кокаин во пристаништето во Антверпен, кое се смета за главна европска порта за дрогите кои доаѓаат од Јужна Америка. Министерот за внатрешни работи Винсент фан Петегем изјави дека биле фатени 116 тони кокаин, што е пораст од 5% во однос на 2022.

    Се верува дека само мал дел од дрогите, околу една десетина, се открива при доаѓањето во Антверпен. Граничните служби признаваат дека никогаш нема да ја добијат војната против моќните картели.

    Порастот на шверцот на дрога доведе и до зголемувањето на насилството во Белгија, каде што бандите се борат за контрола врз високо профитабилниот пазар на кокаин.

    Тоа се количини што претставуваат огромна опасност за безбедноста во нашите пристаништа и градови, за безбедноста на стотиците цариници и пристанишни работници и за безбедноста на нашите семејства“, изјави Фан Петегем.

    Најмногу кокаин во Европа доаѓа од Еквадор, Панама и Колумбија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира