МЛАДИОТ АВСТРИСКИ ЕКСТРЕМИСТ МАРТИН ЗЕЛНЕР, КОЈ ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО БРИТАНИЈА И САД, ЈА БРАНУВА ГЕРМАНИЈА СО ПЛАНОТ ЗА РЕМИГРАЦИЈА И ДЕПОРТАЦИЈА НА СТРАНЦИ

    МЛАДИОТ АВСТРИСКИ ЕКСТРЕМИСТ МАРТИН ЗЕЛНЕР, КОЈ ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО БРИТАНИЈА И САД, ЈА БРАНУВА ГЕРМАНИЈА СО ПЛАНОТ ЗА РЕМИГРАЦИЈА И ДЕПОРТАЦИЈА НА СТРАНЦИЗелнер верува дека општествата се деградирани од премногу културни мешања (Фото: ДПА)

    Со децении, во Германија постоеше политички консензус дека екстремистичките десничарски идеологии никогаш повеќе нема да станат доволно популарни за да успеат на изборите. Настаните од минатата недела го доведоа тоа во прашање.

    Состанок на кој учествувале и високи претставници на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), која ја има поддршката на речиси секој четврти Германец, предизвика голем скандал и доведе до масовни протести низ земјата. На овој состанок одржан близу Потсдам, крајната десница и неонацистите разговарале за план за депортации на милиони мигранти, баратели на азил, но и на германски државјани со странско потекло.

    Меѓу учесниците беше и Мартин Зелнер, 35-годишниот водач на австриското Идентитарно движење, кое ја промовира теоријата за „голема замена“, која тврди дека постои заговор од небели мигранти да го заменат европското „домородно“ бело население.

    Зелнер го основал Идентитарното движење во 2012 како крајнодесничарска националистичка група инспирирана од слични неофашистични движења во Италија и Франција.

    Зелнер го основал Идентитарното движење во 2012 (Фото: ЕПА)

    Младиот Австриец со години е неизбежна фигура на крајнодесничарската активистичка сцена во деловите на Европа каде што се зборува германски. И покрај осудите во медиумите, судските случаи и забраните за влез во Велика Британија и САД, неговиот досег продолжи да расте.

    Со жестоки следбеници на социјалните мрежи, неонацистичко минато и без вистинска политичка партија зад себе, неговиот заштитен предлог е „ремиграција“, под што подразбира насилно отстранување на имигрантите кои го прекршуваат законот или одбиваат да се интегрираат, без разлика дали имаат државјанство или не. Критичарите велат дека тоа е рамно на етничко чистење. Тој верува дека општествата се деградирани од премногу културни мешања и дека неконтролиран мултикултурализам стои зад многу проблеми на модерната Европа.

    Зелнер досега беше доста успешен, зашто знае како да предизвика медиумско лудило и како да бидат забележани неговите идеи. Состанокот кај Потсдам не беше безопасен. Кога некој како Зелнер се поврзува со високи функционери на АфД и бизнисмени, знаете дека нештата се промениле“, вели политикологот Наташа Штробл, која беше портпаролка на Идентитарното движење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира