ЗАПРЕА ВОЗОВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКАКО ПОЧНА НАЈДОЛГИОТ ШТРАЈК НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ ДОСЕГА

    ЗАПРЕА ВОЗОВИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКАКО ПОЧНА НАЈДОЛГИОТ ШТРАЈК НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ ДОСЕГАШтрајкот треба да трае најмалку до понеделник вечер (Фото: АП)

    Патниците во Германија од денеска ќе се соочат со уште поголеми главоболки откако почна најдолгиот штрајк на железничарите во историјата на земјата, без назнаки дека тие наскоро ќе се вратат на преговарачката маса.

    Штрајкот почна ноќеска во два часот и треба да трае најмалку до понеделник вечер и тоа е веќе четврта ваква акција откако започна спорот помеѓу синдикатот на железничарите и државната железница „Дојче бан“. Претходниот штрајк се одржа пред две недели и траеше три дена.

    „Сметаме дека треба да седнете на маса и да најдете компромис. Тоа е единствениот начин“, изјави портпаролот на „Дојче бан“.

    Железничарите од товарниот сообраќај паралелно стапија во штрајк уште вчера.

    „Бевме подготвени за компромиси во спорот за платите и работните часови, но понуденото од ‘Дојче бан‘ не беше доволно. Мора да штрајкуваме уште подолго и посилно затоа што шефовите на железницата не сакаат да слушаат совети“, изјави лидерот на синдикатот Клаус Веселски.

    „Дојче бан“ го обвини синдикатот, кој има 40.000 членови, дека ја држи Германија во заложништво, тврдејќи дека неговите барања ќе ги зголемат трошоците на компанијата за 50%.

    Претходниот најдолг штрајк на германските железничари траеше пет дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира