НЕМА ГОЛЕМ ЕНТУЗИЈАЗАМ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ЗА ДАРУВАЊЕ КОСКЕНА СРЦЕВИНА, А ЗА 5 МИНУТИ МОЖЕ ДА СПАСАТ ЖИВОТ, АПЕЛИРА Д-Р ПАНОВСКА-СТАВРИДИС

    НЕМА ГОЛЕМ ЕНТУЗИЈАЗАМ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ЗА ДАРУВАЊЕ КОСКЕНА СРЦЕВИНА, А ЗА 5 МИНУТИ МОЖЕ ДА СПАСАТ ЖИВОТ, АПЕЛИРА Д-Р ПАНОВСКА-СТАВРИДИСД-р Пановска-Ставридис на денешното отворањеа Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки со заменикот американски амбасадор бидејќи САД со милион долари ја поддржаа инвестицијата . (Фото: К. Попов)

    За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина, затоа апелирам да одвојат 5 минути од нивното време и да спасат живот, рече денеска д-р Ирина Пановска-Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија.

    На настан за отворањето на Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на вториот спрат од Клиниката, д-р Пановска-Ставридис, на новинарско прашање за интересот за граѓаните да бидат дарители, таа потсети дека имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“.

    Центарот е сместен на целосно нов кат на површина од 800 квадратни метри, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион долари.

    „До ковидот некако, дури и во време на ковидот навистина со помош на медиумите таа кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее. Во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители, во Македонија има само 5 илјади. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во регистарот. Навистина многу малку треба, да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација. Само една епрувета крв, согласност и 5 минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот“, кажа директорката.

    Д-р Пановска-Ставридис рече дека во 2023 имале две донации.

    „Македонски граѓани им спасија живот на Македонци, со кои не се познаваа меѓусебе и не беа роднини. Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за за братот кој бил болен, за да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри“, додаде таа.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.

    „Овој дел ни е многу важен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив, да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да спасиме животи“, рече Меџити.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира