ПОЗНАТИОТ РУСКИ БЛОГЕР И НАЦИОНАЛИСТ ИГОР ГИРКИН ОСУДЕН НА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСТРЕМИЗАМ

    ПОЗНАТИОТ РУСКИ БЛОГЕР И НАЦИОНАЛИСТ ИГОР ГИРКИН ОСУДЕН НА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКСТРЕМИЗАМГиркин стана гласен критичар на руските власти пред да го уапсат во јули (Фото: Гети)

    Игор Гиркин, познатиот руски воен блогер кој го критикуваше Владимир Путин за начинот на кој ја води војната во Украина, е осуден на четири години затвор откако суд во Москва го прогласи за виновен за екстремизам. Како дел од казната, на Гиркин му е забрането да користи интернет.

    Поранешниот офицер на Федералната служба за безбедност, кој е познат и како Игор Стрелков, ѝ помогна на Русија да го анектира Крим и организираше проруски милиции кои освоија делови на источна Украина во 2014. Тој исто така беше обвинет за директна вмешаност во соборувањето на малезискиот авион над Украина во 2014, кога загинаа 298 луѓе, за што холандскиот суд во 2022 го осуди на доживотен затвор.

    Гиркин се сметаше за недопирлив поради неговите реноме и врски со властите, но стана нивни гласен критичар пред да го уапсат во јули. Минатиот мај објави дека го формира Клубот на гневните патриоти со цел да влезе во политиката и, како што кажа, да ја спаси Русија од хаосот кој би можел да уследи поради воените неуспеси во Украина. Тој од затворот најави дека ќе се кандидира на претседателски избори во март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира