ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА СВИЊИТЕ ГЕРМАНСКИТЕ ФАРМЕРИ ЌЕ ДОБИЈАТ МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД ЕУ

    ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД НА СВИЊИТЕ ГЕРМАНСКИТЕ ФАРМЕРИ ЌЕ ДОБИЈАТ МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД ЕУПоддршката во иднина би можела да биде проширена и на други домашни животни (Фото: Гети)

    Европската комисија одобри две владини шеми кои треба да им помогнат на фармерите во Германија да го подобрат животниот стандард на свињите. 

    Со двете програми во вкупна вредност од една милијарда евра ќе се финансира надградувањето на капацитетите за одгледување свињи и ќе се воспостават практики за подобрување на нивниот животен стандард, што вклучува и климатизација и подобри легла. Шемите ќе траат до 2031 година.

    Според Европската комисија, поддршката е наменета за малите и средните сточарски фарми и во иднина би можела да биде проширена и на други домашни животни.

    Комисијата е највисокото тело за следење на конкуренцијата во Европската Унија задолжено за одобрување владини шеми за поддршка за да се осигура дека државите нема да им даваат нефер предности на компаниите. Во овој случај, Комисијата рече дека помошта за Германија е пропорционална, бидејќи е сведена на неопходен минимум и ќе има само ограничено влијание врз конкуренцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира