ЗНМ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА НОВИНАРСКИ СТОРИИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

    ЗНМ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА НОВИНАРСКИ СТОРИИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТНаградените на конкурсот за 2023 на тема „Справување со загадувањето на воздухот во Македонија“. (Фото: ЗНМ)

    Новинарската сторија „Тешка зима“ на Катерина Топалова-Дејановска објавена на ДОМА.ЕДУ.МК ја освои првата награда на конкурсот за 2023 на тема „Справување со загадувањето на воздухот во Македонија“, на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Сторијата е низа на пет прилози со квалитетно и сеопфатно новинарско истражување, со осврт на законската регулатива и интервјуа.

    Втората награда ја освои новинарката од „Види вака“ Ангела Петровска за „Земја без решение за чист воздух“, а третата награда Тони Михаилов и Игор Стојанов за темата „Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност” објавена на ГОЦЕ.МК.

    Покрај наградените, денеска посебно признание им беше врачено и на новинарите Бојан Блажевски, Мартин Пушевски и Христина Ѓорѓиевска за иновативен и креативен пристап и придонес кон кревање на јавната свест за животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира