ЗА ДВА ДЕНА ДВА ПОЖАРИ ВО ОХРИДСКО, СЕ ПАЛИ ТРСКА, А ГОРИ И НИСКОСТЕБЛЕСТА ШУМА

    ЗА ДВА ДЕНА ДВА ПОЖАРИ ВО ОХРИДСКО, СЕ ПАЛИ ТРСКА, А ГОРИ И НИСКОСТЕБЛЕСТА ШУМАВакво палење трска се случува скоро секоја година,вели полицијата. (Фото: СДК.МК)

    Огромна пoвршина сo трска во моментов гори кај населбата Црногорци кон селото Орман во Охрид. Екипите на Противпожарната единица се на терен. Оттаму велат дека вакво палење трска се случува скоро секоја година.

    Пожар во Издеглавско Блато имаше и вчера.

    Полицијата соопшти дека на 4 февруари во 14.40 часот, во СВР Охрид е пријавено оти во месноста Издеглавско Блато, атар на селото Издеглавје, Општина Дебрца, се случил пожар на земјоделска површина со трска и нискостеблеста вегетација во државна сопственост. Повредени нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира