МУЗИЧКО ДЕЛО КОЕ ЌЕ ТРАЕ 639 ГОДИНИ ПРОМЕНИ АКОРД ЗА ПРВПАТ ПО ДВЕ ГОДИНИ

    МУЗИЧКО ДЕЛО КОЕ ЌЕ ТРАЕ 639 ГОДИНИ ПРОМЕНИ АКОРД ЗА ПРВПАТ ПО ДВЕ ГОДИНИБројни луѓе дојдоа во црквата во германскиот град Халберштат за да сведочат на овој редок момент

    Најдолгата и најбавна музичка композиција што постои имаше голем ден во понеделникот откако промени акорд за првпат по две години. За да сведочат на овој редок момент, кој беше дел од уметнички подвиг на американскиот авангарден композитор Џон Кејџ, бројни луѓе дојдоа во црквата „Бурхарди“ во германскиот град Халберштат.

    Експерименталното дело „Најбавно што може“ почна во 2001 и се свири на специјално изградени оргули, а предвидено е да заврши во 2640 година, што значи дека ќе трае уште 616 години.

    Композицијата досега имаше 16 промени на акорди, а при последната беше додадена нова цевка на механичките оргули за да се произведе сосема нов звук. Иако композицијата официјално почна пред 23 години, во првите 18 месеци имаше само тишина, а првата нота се слушна во 2003.

    Претходната промена на акорд се случи на 5 февруари 2022, а следната е закажана за 5 август 2026, според сајтот на проектот.

    Наспроти сегашните епски пропорции на делото, неговата премиера во 1987 траеше нешто помалку од 30 минути. Следните верзии беа подолги, а сегашната произлезе од состанок на филозофи и уметници по смртта на Кејџ во 1992.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира