НЕ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА, СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ МЕЏИТИ

    НЕ ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА, СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ МЕЏИТИМеџити е кадар на Алијанса за Албанците (Фото: СДК.МК)

    Јас не поднесувам оставкa, оставка се поднесува кога не се работи чесно, јас сум министер за здравство додека нема промена, рече денеска Фатмир Меџити, кој 11 месеци е на оваа функција како кадар на Алијанса за Албанците.

    „Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници”, рече Меџити.

    Тој кажа дека не би знаел кој би можел да го наследи на функцијата.

    „Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер”, рече Меџити.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира