НЕМАМЕ ИНТЕРЕС ДА ЈА НАПАДНЕМЕ ПОЛСКА ИЛИ ДРУГА ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ПУТИН ВО ИНТЕРВЈУТО СО ТАКЕР КАРЛСОН

    НЕМАМЕ ИНТЕРЕС ДА ЈА НАПАДНЕМЕ ПОЛСКА ИЛИ ДРУГА ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ПУТИН ВО ИНТЕРВЈУТО СО ТАКЕР КАРЛСОНКарлсон е првиот западен новинар кој го интервјуирал Путин од почетокот на руската инвазија (Фото: Кремљ

    Русија ќе се бори за своите интереси докрај, но нема интерес да ја прошири војната во Украина на други земји, како Летонија и Полска, изјави Владимир Путин во интервјуто со Такер Карлсон. Повеќе од два часа долгото интервју беше емитувано ноќеска, два дена откако беше снимено во Москва, кога бившиот водител на „Фокс њуз“ стана првиот западен новинар кој го интервјуирал Путин од почетокот на руската инвазија пред речиси две години.

    Западните лидери сфатија дека е невозможно да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија. Ние сме спреми за дијалог“, кажа Путин.

    Карлсон го почна интервјуто прашувајќи го Путин за причините зошто ја наредил инвазијата. Запрашан дали навистина верувал дека САД би можеле ненадејно да ја нападнат Русија, Путин одговори:

    Како го заклучивте тоа? Не е дека Америка планирала да лансира изненадувачки напад на Русија, јас не сум го кажал тоа“.

    Повеќе од половина час Путин збореше за историјата на источна Европа и за востановувањето на руската држава во деветтиот век, повторувајќи го своето тврдење дека Русија не ја нападнала Украина, туку одговорила на закани по својата национална безбедност.

    Тој кажа дека Украина била на прагот да прифати договор за крај на војната на разговорите во Истанбул во април 2022, но се повлекла откако руската војска се повлече од околината на Киев.

    Бесконечна мобилизација во Украина, хистерија, домашни проблеми, порано или подоцна ова ќе резултира со договор“, рече рускиот лидер.

    Запрашан дали може да замисли сценарио во кое би испратил трупи во Полска или друга членка на НАТО, Путин кажа:

    Русија ќе испрати трупи во Полска само во еден случај: ако Полска ја нападне Русија. Ние немаме интереси во Полска, Летонија или некоја друга држава“.

    Тој истовремено ги повика САД на разговори.

    Вашингтон треба да престане да ѝ праќа оружје на Украина и да ја убеди да преговара. Ние никогаш не сме одбиле преговори“, порача Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира