СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ ЗА НОВ ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛКоцевски досега беше републички јавен обвинител, избран на позицијата пред една година. (Фото: МИА)

    Собранието денеска со 62 гласа „за“ го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител.

    Коцевски е предлог на Владата, откако претходно Советот на јавни обвинители едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител. Кандидатката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење, а членовите на Советот воопшто не разговараа за кандидатката Фатиме Фетаи, поради нецелосна документација.

    Коцевски досега беше републички јавен обвинител, избран на позицијата пред една година. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години.

    На претходниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му заврши на 25 декември, а за в.д. државен јавен обвинител беше избрана републичката обвинителката Соња Симовска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира