ПОВРЕДЕНИ 4 ПОЛИЦАЈЦИ ВО ХАГ ПРИ ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ТЕПАЧКА МЕЃУ ПРОВЛАДИНИ И АНТИВЛАДИНИ ЕРИТРЕЈЦИ

    ПОВРЕДЕНИ 4 ПОЛИЦАЈЦИ ВО ХАГ ПРИ ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО ТЕПАЧКА МЕЃУ ПРОВЛАДИНИ И АНТИВЛАДИНИ ЕРИТРЕЈЦИВо насилниот судир се запалени автомобили и автобус. (Фото: АНП)

    Четворица полицајци се повредени, а неколку лица се уапсени во синоќешните нереди во Хаг, откако избија тепачки меѓу ривалски групи  на состанокот на еритрејската заедница.

    „Нашите колеги беа соочени со многу сериозно насилство кое избувна од ништо. Ова е неприфатливо“, рече началникот на локалната полиција.

    Состанокот беше организиран од провладините Еритрејци во Деловниот центар Опера, иако центарот рече дека бил новогодишна забава. Тогаш се појавија противниците на режимот во еритреја и избувна тепачка. Очевидци велат дека областа била како бојно поле. Една жена изјави дека бунтовниците полнеле шишиња со бензин на блиската бензинска пумпа за да направат молотови коктели. Искршени се прозорците на неколку куќи.

    Градоначалникот Јан ван Занен рече дека немирите се „одвратни и неприфатливи“. Тој рече дека тензиите во заедницата се добро познати и дека безбедноста е зголемена поради настанот. Тој даде и зелено светло за полицијата да употреби солзавец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира