ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЕВРОПСКИ САТЕЛИТИ ДЕНЕСКА ЌЕ ПАДНЕ НА ЗЕМЈАТА

    ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ ЕВРОПСКИ САТЕЛИТИ ДЕНЕСКА ЌЕ ПАДНЕ НА ЗЕМЈАТАЕвропската вселенска агенција вели дека сателитот од 2,5 тона „ЕРС-2“ ќе изгори на својот пат надолу (Фото: ЕСА)

    Еден од најстарите европски сателити денеска ќе падне на земјата.

    ЕРС-2“ беше најсовремена платформа за набљудување кога беше лансиран во 1995 година и содржеше технологии кои денес се користат рутински. Тој постепено се спушташе откако престана да функционира во 2011 и се очекува вечерва да има неконтролирано, огнено паѓање во атмосферата. Европската вселенска агенција (ЕСА) вели дека сателитот од два и пол тона ќе изгори на својот пат надолу.

    Постои можност некои поцврсти делови да го издржат интензивното загревање што се создава при паѓањето, но мали се шансите овие остатоци да удрат во населени места и да предизвикаат штета. Тие би можеле да паднат некаде на Земјата, но тоа најверојатно ќе биде некоја голема водена површина.

    Најважно е да се нагласи дека ниеден од елементите кои би можеле да паднат на Земјата не се отровни или радиоактивни“, изјави Мирко Албани од ЕСА.

    Агенцијата лансираше два речиси идентични сателита во 1990-тите кои во тоа време беа најсофостицираните набљудувачи на Земјата, носејќи инструменти кои можеа да ги следат промените на копното, во океаните и воздухот. Така „ЕРС-2“ имаше способност за проценка на заштитната озонска обвивка. Овие два сателита се нарекуваа „дедовци на набљудувањето на Земјата“.

    ЕРС-2“ оригинално беше поставен на 780 километри над Земјата, но во 2011 беше спуштен на 570 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира