БАЕРН ЌЕ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ТУХЕЛ НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

    БАЕРН ЌЕ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ТУХЕЛ НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТАТухел оваа сезона бележи лоши резултати со Баерн (Фото: Гети)

    Баерн Минхен ќе добие нов тренер ова лето откако го потврди заминувањето на Томас Тухел по завршувањето на сезоната.

    Педесетгодишниот Тухел го замени Јулиус Нагелсман во март минатата година и има договор до јуни 2025, но тој ќе биде раскинат една година порано. Баерн има лоша сезона и би можел да ја прекине 11-годишната шампионска низа, бидејќи во моментов заостанува осум бода зад лидерот Баер, од кого неодамна изгуби со 3:0.

    Извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен, изјави дека двете страни заемно се согласиле да ја прекинат соработката откако имале добар, отворен разговор.

    „Нашата цел е да спроведеме спортско преуредување со нов тренер за сезоната 2024/25“, изјави Дресен.

    Тухел, кој ја освои Лигата на шампионите со Челзи во 2021, среде минатата сезона дојде во Баерн по неочекуваната смена на Нагелсман. Клубот потоа успеа да освои нова титула во Бундеслигата само благодарение на ремито на Борусија Дортмунд со Мајнц во последното коло, а оваа сезона проблемите во екипата станаа уште повидливи и поголеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира