ПОЛА ГОДИНА НЕ РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ КАЈ МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕ

    ПОЛА ГОДИНА НЕ РАБОТАТ СЕМАФОРИТЕ КАЈ МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕСекој ден се создаваат километарски колони, а од дупките и прокопите среде улицата се искршија колите. (Фото: СДК.МК)

    Семафорите на крстосницата кај Момин Поток во Скопје не работат пола година. На крстосницата која е една од најпрометните во градот секој ден се создаваат гужви и колони возила.

    Дополнително, улицата е раскопана поради градежени работи за изградба на клучката кои се одвиваат со многу бавно темпо, па и тоа го отежнува сообраќајот. Секој ден се создаваат километарски колони, а од дупките и прокопите среде улицата се искршија колите.

    Клучката кај Момин Поток почна да се гради во јуни 2021. Тогашниот градоначалник Петре Шилегов кажа дека кружниот тек и клучката ќе бидат готови за 2 и пол години односно кон почетокот на 2024, со што Скопје ќе добие еден нов модерен лик. Но, овој рок е пробиен, ниту пак во скоро време клучката ќе биде изградена. Готов е само кружниот тек на крстосницата кај „Хубо маркет“.

    Според проектот, за да се намали сообраќајниот метеж на овој потег се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина.

    Изградбата на кружниот тек и клучката чинат 18 милиони евра.

    Ова е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира