ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ ВОЈНИК КОЈ ВЧЕРА СЕ ЗАПАЛИ ВО ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО ВАШИНГТОН

    ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ ВОЈНИК КОЈ ВЧЕРА СЕ ЗАПАЛИ ВО ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ВО ВАШИНГТОНПред да се запали, Арон Бушнел рекол дека веќе не сака да учествува во геноцид (Фото: Гети)

    Американскиот војник кој вчера се запали во израелската амбасада во Вашонгтон им подлегнал на повредите. Тој беше идентификуван како 25-годишниот Арон Бушнел од Сан Антонио, Тексас и беше активен припадник на американските воздушни сили.

    Бушнел беше превезен во болница со тешки повреди и во критична состојба откако припадници на Тајната служба по една минута го изгаснале огнот. Пред да се запали, Бушнел рекол дека веќе не сака да учествува во геноцид и извикал „Слобода на Палестина“.

    По влегувањето во амбасадата, тој почнал да врши пренос во живо на видеоплатформата Твич, а откако го одложил телефонот, се полеал со течност и се запалил. Снимката во меѓувреме беше тргната од Твич.

    Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври, во Газа се убиени речиси 30.000 луѓе, од кои две третини се жени и деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира