ГУМА ОТПАДНА ОД АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО САН ФРАНЦИСКО И ПОГОДИ ПАРКИРАНИ АВТОМОБИЛИ

    ГУМА ОТПАДНА ОД АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО САН ФРАНЦИСКО И ПОГОДИ ПАРКИРАНИ АВТОМОБИЛИПоради овој инцидент авионот бил пренасочен за слетување во Лос Анџелес

    Авион на американската авиокомпанија „Јунајтед“ останал без гума додека полетувал од Меѓународниот аеродром во Сан Франциско. Авионот требало да лета за јапонскиот град Осака, но поради овој инцидент бил пренасочен за слетување во Лос Анџелес.

    „Околу 11:35 часот, летот број 35 на ‘Јунајтед‘, кој одел за Осака, изгубил гума за време на полетувањето“, соопштија од компанијата.

    Остатоци од гумата паднале на еден од паркинзите за вработените на аеродромот. Немало повредени, но неколку автомобили биле погодени од гумата.

    Во авионот имало 235 патници и 14 члена на екипажот.

    „Авионите ‘боинг 777-200‘ имаат по шест тркала на секоја од двете главни потпори за слетување. Тие се дизајнирани да слетаат безбедно во случај на оштетена или отпадната гума“, кажаа од авиокомпанијата.

    По кратко расчистување, пистата повторно беше ставена во функција.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира