МАЈМУНОТ ДИНО УМРЕЛ ОД СКРШЕНА НОГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАЈМУНОТ ДИНО УМРЕЛ ОД СКРШЕНА НОГА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    Мајмунот Дино од скопската Зоолошка градина се степал со друг мајмун, па не ја преживеал операцијата која морале да му ја направат поради повредите што ги добил, соопшти скопската Зоолошка градина.

    За пцовисаниот мајмун денес јави „Анима Мунди“ кои јавно ја прашаа Зоолошката дали му пружиле соодветна нега на животното откако нивен вработен му ја скршил ногата и тоа од сепса пцовисоало една недела по повредата.

    „Ве информираме дека на 18 декември,  при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните, познат во јавноста како Дино, како реултат на конфликтот се здоби со тешка повреда на предната нога. Веднаш истиот беше упатен на факултетот за ветеринарна медицина при што беше извршена ветеринарна интервенција за санирање на повредата. Павијанот Дино не ја преживеа операцијата“, соопшти денес Зоолошката, демантирајќи ги наводите на „Анима Мунди“.

    Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ побарало од Зоолошката, но не добило одговор за причините од кои пцовисал мајмунот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира