УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ДВА ПОГРАНИЧНИ РУСКИ РЕГИОНА СЕ АКТИВНА БОРБЕНА ЗОНА ПО УПАДОТ НА РУСКИ ПАРАВОЕНИ ГРУПИ

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА ДВА ПОГРАНИЧНИ РУСКИ РЕГИОНА СЕ АКТИВНА БОРБЕНА ЗОНА ПО УПАДОТ НА РУСКИ ПАРАВОЕНИ ГРУПИРуските паравоени групи претходно кажаа дека го контролираат селото Теткино (Фото: Министерство за одбрана на Русија)

    Украина вели дека антивладините руски паравоени групи продолжуваат со нападите на руската територија, претворајќи два погранични региона во активни борбени зони. Сепак, гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека во тамошните села веќе нема непријателски сили.

    Три вооружени групи кои упаднаа од Украина пред неколку дена објавија дека продолжуваат со операциите во Белгород и Курск, барајќи од локалните жители да се евакуираат.

    Курск и Белгород сега се области на активни борбени дејства. Тоа е потврдено. Тоа се руски државјани кои ги бранат своите граѓански права од режимот на Путин“, изјави Андриј Јусов, портпаролот на украинското воено разузнавање.

    Гладков тврди дека во Белгород веќе нема украински сили, додавајќи дека борбите се водат надвор од овој регион.

    Селото Козинка беше тешко погодено. Штетата е многу сериозна. Двајца луѓе загинаа, а најмалку 20 се повредени во нападите на украинските вооружени сили“, кажа тој.

    Гувернерот на Курск, Роман Старовојт, даде малку детали за тамошната ситуација, но кажа дека „украинските терористи не запреле со обидите да уфрлат саботери на руската територија“.

    Групите Легијата Слобода за Русија, Руски волонтерски корпус и Сибирски баталјон велат дека во двата региона и натаму се водат воени операции.

    Во градот Грајворон близу Козинка владее паника, редици од автомобили го напуштаат градот“, соопшти Сибирски баталјон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира