РУСИТЕ ЈА РАКЕТИРАА ОДЕСА, НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ И 46 РАНЕТИ

    РУСИТЕ ЈА РАКЕТИРАА ОДЕСА, НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ И 46 РАНЕТИОдеса во последно време често беше цел на руски напади (Фото: Телеграм)

    Најмалку 14 луѓе загинаа, а 46 се ранети во денешниот руски воздушен напад на Одеса, во која е прогласен ден на жалост. Првични извештаи велат дека спасувачките екипи излегле на терен откако избувнал пожар по првиот напад, по што истата локација повторно била погодена.

    „Меѓу загинатите се локални жители, лекар и еден спасувач. Најмалку 46 луѓе се повредени“, изјави гувернерот на Одеса, Олег Кипер.

    Ракетирањето на Одеса, која во последно време често беше цел на руски напади, се совпадна со почетокот на претседателските избори во Русија, на кои се очекува нова убедлива победа на Владимир Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира