ЖЕНА ЗАГИНА ВО СЛОВАЧКА ОТКАКО НАЛЕТА НА МЕЧКА

    ЖЕНА ЗАГИНА ВО СЛОВАЧКА ОТКАКО НАЛЕТА НА МЕЧКАТелото било пронајдено со помош на кучиња трагачи, а мечката била сè уште таму и била избркана со пукање со пиштол во воздух. (архивска фотографија)

    31-годишна жена од Белорусија почина откако била бркана од мечка на северот на Словачка, соопштија властите.

    Словачката спасувачка служба кажа дека телото на жената било најдено во шума во планината Татра во петокот вечер. Таа пешачела со машки придружник кога налетале на мечка. Според мажот, тој и жената почнале да бегаат во различни насоки. Областа e со густа шума и стрмни клисури.

    Телото било пронајдено со помош на кучиња трагачи, а мечката била сè уште таму и била избркана со пукање со пиштол во воздух. Останува нејасно како загинала жената, дали паднала од високо или била убиена од мечката. Заменик министерот за животна средина кажа дека властите нема да ја кријат причината за смртта.

    Во Словачка во последните години има зголемен број на напади на мечки, вклучувајќи и еден фатален во 2021 година, прв по еден век. Членови на владејачката партија во Словачка се противат на заштитата на мечките и волците што ја наметнува ЕУ, кои се вратија во Словачка преку Карпатите изминатите децении по падот на комунизмот во 1989 година.

    Министерот за животна средина кажа дека заедно со Романија ќе ѝ предложат на ЕУ да ги тргне мечките од листата на загрозени видови за да може да бидат селективно убивани.

    Истражувачите сепак велат дека нема драстично зголемување на популацијата на мечките во Словачка, чиј што број останува стабилен на околу 1.275.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира