ОТКАКО КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И КИЧЕЕЦ ИСТЕРАА ЗАТВОРСКИ ТУРИЗАМ, СТРУШКИОТ ЗАТВОР ЌЕ БИДЕ ЗА ДЕЛА ОД НЕБРЕЖНОСТ, А МЕНУВАЊЕ АДРЕСИ ПРЕД КАЗНА ВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖЕ

    ОТКАКО КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И КИЧЕЕЦ ИСТЕРАА ЗАТВОРСКИ ТУРИЗАМ, СТРУШКИОТ ЗАТВОР ЌЕ БИДЕ ЗА ДЕЛА ОД НЕБРЕЖНОСТ, А МЕНУВАЊЕ АДРЕСИ ПРЕД КАЗНА ВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖЕБарањето за промена на личната карта, т.е. промена на местото на живеење на Мијалков од Скопје во Охрид, му беше експресно одобрена (Фото:СДК.МК)

    Со измените на Законот за извршување на санкциите, кои се пред изгласување во Парламентот, затворот „Струга“ од отворен вид, каде што одлежаа казни за перење пари Орце Камчев и Зоран Милески-Кичеец, а Сашо Мијалков е при крај, станува затвор за кривични дела од небрежност.

    Измената ќе се поклопи со истекот на казната на Мијалков, чие барање за предвремено пуштање е во Кривичниот суд Скопје, а тој исполнува услов. Тој се спогоди со обвинителството и призна дека перел пари.

    Членот 46 од Законот за извршување на санкциите сега се менува и гласи:

    ,, (1) Во установа од отворен вид се извршува казната затвор за осудени лица само за кривични дела извршени од небрежност, за кои е определена казна затвор до три години

    (2) Во установата од ставот (1) на овој член се извршува и казна затвор до една година спрема осудени лица за кривични дела извршени од небрежност кои се извршени во поврат’’.

    Споменатите осудени лица лежеа таму за случајот „Империја“, каде што признаа вина.

    Со нив беше и Ненад Јосифовиќ.

    Мијалков паралелно со признанието за вина, поднесе и експресно доби барање за промена на жителство, од Скопје во Охрид. Тоа беше со цел да не оди во затворот во Шутка или во Идризово, туку по новото место на „живеење“, да добие упатен налог за затвор „Струга“, каде што ем нема многу осудени лица, ем е од (полу)отворен вид, далеку е од очите на јавноста и дава можност само за спиење да се оди таму, а има неспоредливо подобри услови од Идризово и Шутка. Пред него, Камчев од Скопје стана охриѓанец.

    Се менува членот 7 од Законот, со што тоа што првостепената одлука со која е изречена санкцијата, судот е должен да му ја достави на надлежниот суд за извршување на санкциите според местото на живеалиштето односно престојувалиштето, кое осуденото лице ја имало во моментот на започнување на кривичната постапка. Со тоа се елиминира можноста за менување на адресата на живеење на лицето пред изрекување на првостепената пресуда или извршноста на одлуката“, се наведува во предложените измени.

    Барањето за промена на личната карта, т.е. промена на местото на живеење на Мијалков му беше експресно одобрена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира