Русија го додаде ЛГБТ движењето на својата листа на екстремистички и терористички организации. Ова следува по одлуката на Врховниот суд од ноември дека ЛГБТ активистите би требало да се означат како екстремисти.
Листата ја води агенција наречена Росфинмониторинг, која има моќ да замрзне банкарски сметки на повеќе од 14.000 поединци и субјекти кои биле означени како екстремисти и терористи, што ги опфаќа и Ал Каеда и „Мета“ на Марк Закерберг.
Новата одлука се однесува на „меѓународното ЛГБТ социјално движење и на неговите структурални единици“.
Под водство на Владимир Путин, Русија во изминатата деценија ги заостри ограничувањата во поглед на изразувањето на сексуална ориентација и родов идентитет.