РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАПАДОТ КАЈ МОСКВА ГО ИЗВРШИЛЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ, НО НЕ КАЖА КОИ СЕ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАПАДОТ КАЈ МОСКВА ГО ИЗВРШИЛЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ, НО НЕ КАЖА КОИ СЕИсламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 133 луѓе (Фото: Гети)

    Руската влада објави дека четирите лица уапсени во врска со вчерашниот масакр близу Москва не се руски државјани, без да го открие нивниот идентитет.

    Сите се странски државјани“, соопшти министерството за внатрешни работи.

    Непотврдени извештаи спомнуваат државјани на Таџикистан. Рускиот пратеник Александар Хинштејн претходно кажа дека во возилото со кое бегале осомничените биле пронајдени пасоши на оваа централноазиска држава.

    Министерството за надворешни работи на Таџикистан негираше дека нивни граѓани се вмешани во нападот. Голем број мигранти од Таџикистан живеат во Русија, најчесто во лоши услови додека бараат работа.

    Според Истражувачкиот комитет на Русија, еден напаѓач бил неутрализиран од посетител на концертот во салата „Крокус“.

    Тој покажал неспоредлива храброст додека се обидувал да ја заштити својата сопруга кога вооружени напаѓачи упаднале во комплексот. Со своите решителни постапки, тој ги спаси животите на луѓето околу него во тој момент“, објави Истражувачкиот комитет на Телеграм.

    Исламска држава синоќа ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во предградие на Москва во кој загинаа најмалку 133 луѓе. Владимир Путин во своето денешно обраќање не ја спомна Исламска држава, туку кажа дека напаѓачите биле уапсени кога сакале да избегаат во Украина. Многумина експерти и функционери се согласуваат дека тврдењето на ИСИС е веродостојно, иако не е официјално потврдено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира