Четворица луѓе загинаа, а најмалку осуммина се повредени откако болид излета од патеката и удри во група гледачи за време на популарното унгарско рели Естергом-Њергеш, што се возеше во северниот дел на земјата. Полицијата кажа дека причината за несреќата засега не е позната.
Унгарските медиуми објавија дека едно дете е превезено во болница со повреди опасни по живот, а уште едно лице има сериозни повреди.
Видео објавено на социјалните мрежи покажува како тркачко возило пролизгува на асфалтираниот пат, по што удира во насобраните гледачи.