ПОГРЕБОТ НА МИРКО ПОПОВ ЌЕ БИДЕ УТРЕ НА ГРОБИШТАТА ВО БУТЕЛ

    ПОГРЕБОТ НА МИРКО ПОПОВ ЌЕ БИДЕ УТРЕ НА ГРОБИШТАТА ВО БУТЕЛМирко Попов почина вчера на 51 година (Фото: Фејсбук)

    Мирко Попов, еден од пионерите на електронската сцена и вистински двигател на урбаната култура во Македонија, ќе биде погребан утре (26 март) во 12:30 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, капела 1, објави неговата издавачка куќа „ПМГ рекордингс“.

    Попов почина вчера на 51 година, неколку дена откако претрпел мозочен удар.

    Тој беше активен на домашната музичка сцена повеќе од 30 години како музичар, диџеј, продуцент, композитор, текстописец, промотор и издавач. Беше фронтмен на групите „ПМГ колектив“ и „Кантон6“, основач и предводник на дискографските куќи „ПМГ рекордингс“ и „ПМГ џез“ и сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари, оставајќи непроценливо наследство за македонската современа култура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира