Германија ќе воведе безбедносни контроли на сите свои граници за време на Европското фудбалско првенство во јуни и јули, објави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
„Ќе има проверки на целата државна граница за време на првенството за да се спречи можно влегување на насилни криминалци. Тоа е неопходно за да се заштити првенството на најдобар можен начин“, изјави Фезер.
Фокусот на властите е заштита од исламистички и други екстремисти, хулигани и други, како и обезбедување мрежи од сајбернапади.
Иако Германија ја објави својата одлука само неколку дена по терористичкиот напад кај Москва, воведувањето на граничните контроли е нешто што се очекуваше. Германија веќе спроведува контроли на своите граници со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија за да спречи наплив на мигранти.
Европското првенство во Германија почнува на 14 јуни, а финалето е во Берлин на 14 јули.