НОВА ИСТРАГА ОТКРИ ДЕКА МИСТЕРИОЗНИОТ ХАВАНА СИНДРОМ КОЈ ПОГОДУВАШЕ АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ Е ПРЕДИЗВИКАН ОД РУСКО ЗВУЧНО ОРУЖЈЕ

    НОВА ИСТРАГА ОТКРИ ДЕКА МИСТЕРИОЗНИОТ ХАВАНА СИНДРОМ КОЈ ПОГОДУВАШЕ АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ Е ПРЕДИЗВИКАН ОД РУСКО ЗВУЧНО ОРУЖЈЕФеноменот го доби името според главниот град на Куба, каде што бил регистриран првиот случај во 2016 (Фото: Гети)

    Мистериозно заболување кое погодуваше американски дипломати во изминатите години е доведено во врска со единица на руското разузнавање. Случаи на таканаречениот Хавана синдром со необјаснети симптоми беа пријавени низ целиот свет.

    Заедничката истрага на „Инсајдер“, „Дер Шпигел“ и Си-Би-Ес откри дека дипломатскиот персонал можеби бил напаѓан со руско звучно оружје. Москва ја негираше вмешаноста, додека американски функционери кажаа дека синдромот најверојатно е предизвикан од странски сили. Сепак, истрагата чии резултати беа објавени лани не даде никакво алтернативно објаснување.

    Меѓу американскиот персонал погоден од синдромот имало вработени во Белата куќа, ЦИА и ФБИ, кои се жалеле на вртоглавица, главоболки, проблеми со концентрацијата и болен звук во ушите. Долго време имаше сомнежи дека тие биле погодени од насочена енергија или микробранови испукани од скриени уреди.

    Новата истрага на медиумите заклучи дека оперативци на единицата 29155 на руското воено разузнавање можеби ги напаѓале мозоците на американските дипломати со насочено енергетско оружје. Тие велат дека има докази дека припадници на оваа единица биле присутни во градовите во времето кога се случиле напади. „Инсајдер“ објави дека офицери од оваа единица биле одликувани за нивната работа на развојот на „несмртоносни акустични оружја“.

    Феноменот го доби името според главниот град на Куба, Хавана, каде што бил регистриран првиот случај во 2016, иако некои извештаи велат дека можеби се појавил во Германија две години порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира