ИЗЗЕМЕНИ ТРОЈЦА СУДИИ КОИ ТРЕБАЛО ДА РЕШАВААТ ЗА СПОРОТ ЗА ПЕЧАТОТ ПОМЕЃУ ДВЕТЕ КРИЛА НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    ИЗЗЕМЕНИ ТРОЈЦА СУДИИ КОИ ТРЕБАЛО ДА РЕШАВААТ ЗА СПОРОТ ЗА ПЕЧАТОТ ПОМЕЃУ ДВЕТЕ КРИЛА НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕОд крилото на Таравари велат дека одлуката на судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 денови, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда. (Фото: СДК.МК)

    На денешната прес-конференција организирана од страна на крилото на Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, беа изнесени обвинувања до Основниот суд во Тетово, дека пристрасно било решавано во спорот за тоа кое крило треба да ги поседува печатите од партијата, кои на крај завршија кај крилото на Зијадин Села.

    Правниот застапник на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари, адвокатот Абидин Абдули, коментирајќи ја одлуката на тетовскиот суд рече дека на неа ѝ претходело изземање на тројца судии кои требало да го водат предметот.

    „На оваа одлука ѝ претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора, па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи“, кажа адвокатот Абдули.

    Абдули кажа и дека судечкиот судија во предвид не зел ниту еден доказ доставен од правниот застапник на крилото на Таравари и обвини дека најверојатно одлуката е донесена надвор од судот. Тој исто така посочи дека одлуката на судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 денови, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда.

    „Оваа одлука ќе ја обжалиме во Апелациониот суд во Гостивар, а ќе ги разгледаме и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија“, изјави адвокатот.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира