АДВОКАТОТ СТЕВАНОСКИ СО КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОР ЗА КЛЕВЕТИ ПРОТИВ ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АДВОКАТОТ СТЕВАНОСКИ СО КРИВИЧНА ЗА ДИРЕКТОР ЗА КЛЕВЕТИ ПРОТИВ ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Најистакнатиот активист на Шарената револуција од Прилеп, адвокатот Жарко Стеваноски, поднесе кривична пријава против директорот на ЈП за просторно и урбанистичко планирање, Бранко Нешкоски, за како што вели, сторени три кривични дела во текот на мај 2016 година. Според Стеваноски, Нешкоски како директор надвор од своите овластувања пред Советот на Општина Прилеп, презентирал лажни податоци за висината на штетите коишто се предизвикани како последица на протестите на Шарената револуција.

    „Нешкоски надвор од своите статутарни и законски овластувања писмено, но лажно го информирал Советот на Општина Прилеп дека врз јавното претпријатие поточно одделот за паркинзи со протестите се предизвикани штети во висина од 12 илјади денари дневно. Ова не е точно, зашто во судската постапка за обезбедување докази, подоцна е утврдено дека 4.900 денари се вкупните штети на претпријатието за целиот период на протестите на Шарената револуција“, вели Стеваноски.

    На ваков начин според Стеваноски и во јавноста преку изјавите дадени за локалните медиуми се презентирани дезинформации.

    Кривичната пријава е веќе архивирана во Основното јавно обвинителство во Прилеп.

    „Точно е, доставена е кривична пријава и Обвинителството презема мерки за проверка на наводите од пријавата“, информираат од прилепското Обвинителство.

    Директорот на ЈП за ПУП, Нешкоски вели: „По сите општопознати активности што ги извршуваше за време на Шарената револуција, тој нема кредибилитет да поднесува пријави некому. Јас, пак, имам и законска обврска да одговарам пред Советот, зашто Општина Прилеп е основач на јавното претпријатие со кое раководам. Што се однесува до висината на штетите, тие се предизвикани од сите протести коишто во тој период се одржуваа. Јас никаде не потенцирам дека тоа се штети предизвикани од протестите на Шарената револуција. Стојам на ставот и денеска дека граѓаните не треба да протестираат по улиците, да го блокираат сообраќајот и доведуваат во опасност здравјето на граѓаните. Тие своето незадоволство може слободно да го манифестираат на плоштадите“, изјави Нешкоски. 

    Адвокатот Стеваноски има поднесено неколку кривични пријави против локални функционери. А, како активист на Шарената револуција, против него прилепската полиција поднесе шест прекршочни пријави, за сторен прекршок согласно со член 191 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Две судски постапки се завршени со ослободителни пресуди.

    „Поднесувањето на прекршочните пријави се само форми на притисок врз мене, тоа впрочем го потврдија ослободителните пресуди. Но, во државата мора да се воведе ред, што значи надлежните треба да прекинат со злоупотреби на службената должност на сите нивоа. И јавноста не смее да биде манипулирана со неточни информации. И како граѓански активист и како адвокат јас сум одговорен и професионално и етички да се борам за правда, затоа и ги поднесувам кривичните пријави“, изјави Стеваноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира