СКРШЕНИЦИ СЕ ОПЕРИРААТ НОЌЕ ОТИ ФАЛАТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СКРШЕНИЦИ СЕ ОПЕРИРААТ НОЌЕ ОТИ ФАЛАТ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

    Пациентите со скршеници од нерасчистените улици и тротоари од снегот во Скопје во Градската општа болница „8-ми септември“, последниов месец се оперираат и во втора и во трета смена, за да не се наруши редовниот распоред за оперирање на претходно закажаните пациенти. Овој начин на работа е воведен откако кон крајот на минатиот месец беше ставен клуч на една од шесте хируршки сали во „8-ми септември“, поради недостиг од медицински сестри инструментарки.

    Д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ „8-ми септември“, вели дека по затворањето на хируршката сала, одделите за урологија, ортопедија, општа и дигестивна хирургија место пет дена во неделата, операции прават само четири, за да може да се прераспределат медицинските сестри и непречено да се одвива работата. Од друга страна пак, за да не ги откажуваат веќе закажаните операции, пациентите кои доаѓаат со скршеници во попладневните часови или ноќе, ги оперираат веднаш и не ги оставаат за наредниот ден.

    „Оперираме и втора и трета смена, оти ако останат за наредниот ден ќе го земат редот на веќе закажан пациент, а листите на чекање поради затворање на салата сега се и по неколку месеци. Се оперира попладне и ноќе во случаи кога може“, вели Стојчев.

    Хируршката сала за општа и дигестивна хирургија и натаму нема да работи, а од болницата велат дека не можат да кажат кога повторно ќе биде во функција, оти не знаат кога повторно ќе можат да го распишат поништениот конкурс за вработување на 60 медицински сестри. Конкурсот е поништен, бидејќи болницата од Министерството за здравство навреме не ги добила потребните тестови шаблони за оценка на пријавените кандидати, бидејќи според законските одредби еден од условите за вработување на медицински кадар, е тие да полагаат тест за стручно знаење.

    „Финансиската согласност за вработување на овие 60 сестри истече на 31 декември и моравме да го поништиме конкурсот. За 60 места имавме 193 пријавени кандидати, а 126 ги исполнија условите и сите беа викнати на интервју. Но, вработувањата не можевме да ги реализираме, оти не можевме да го спроведеме тестирањето за стручно знаење. Нова финансиска согласност не може да добиеме додека не се формира Влада, а и да ја добиеме во најкусо време, дури да се распише конкурсот и да поминат сите законски рокови треба време“, вели д-р Стојчев.

    Во моментов, во скопската општа болница работат 350 медицински сестри, а за да може да работат нормално потребни се уше 180. Како што објаснуваат од „8-ми септември“ проблемот настанал со тоа што дел од медицинските сестри или се пензионирале или заминале да работат во приватни болници и во странство.

    „Со сегашниот број на средно медицински кадар едвај успеваме да ги опслужиме сите пациенти и сите потреби. Со месеци не можеа да земат  годишен одмор, бидејќи нема кој да ги замени“, вели д-р Стојчев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира