ВЛАДЕЈАЧКАТА ХДЗ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ХРВАТСКА, НО ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА ЌЕ БИДЕ НЕИЗВЕСНО

    ВЛАДЕЈАЧКАТА ХДЗ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ХРВАТСКА, НО ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА ЌЕ БИДЕ НЕИЗВЕСНОПремиерот Андреј Пленковиќ го чекаат тешки преговори за правење коалиција (Фото: Танјуг)

    Хрватска ја чека неизвесен период на формирање владејачка коалиција откако победничката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) не освои доволно мандати на вчерашните парламентарни избори за да има мнозинство во парламентот. По речиси целосно објавените резултати, ХДЗ има 61 мандат (34,42% гласови), 16 помалку од она што е потребно за мнозинство, додека коалицијата „Реки на правдата“, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), освои 42 (25,41%).

    Третпат по ред, ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори“, кажа премиерот Андреј Пленковиќ.

    Предизборната кампања ја обележа жестокото ривалство помеѓу Пленковиќ и Зоран Милановиќ, кој иако претседател на државата, сакаше да ја предводи изборната листа на СДП, што Уставниот суд го прогласи за неуставно.

    Резултатите покажуваат дека партии во распон од националистичка десница до зелена левица добија значителен број места во парламентот, а клучна улога во формирањето влада би можела да има партијата Татковинско движење, која заврши на третото место со 14 мандати. Десет пратеници ќе има левичарската политичка платформа „Можеме“, на чие чело е градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.

    И Татковинско движење и конзервативната коалиција „Мост“, која доби 11 мандати, кажаа дека ќе биде тешко да се преговара со нив.

    ХДЗ би требала да оди во опозиција“, кажа лидерот на „Мост“, Божо Петров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира