МАЖ СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК КАДЕ ШТО МУ СЕ СУДИ НА ТРАМП

    МАЖ СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК КАДЕ ШТО МУ СЕ СУДИ НА ТРАМПЕден очевидец изјави дека мажот прво фрлил брошури во воздух, по што се полеал со течност и се запалил

    Маж се запали пред судот во Њујорк каде што во моментов се одвива историското судење против Доналд Трамп за тајната исплата за порноактерката Сторми Даниелс. Еден очевидец изјави дека мажот прво фрлил брошури во воздух, по што се полеал со течност од конзерва и се запалил. Тој горел неколку минути. Почина подоцна в болница.

    Гледам целосно јагленисан човек“, изјави репортер на „Си-Ен-Ен“.

    Претставник на итните служби на Њујорк потврди дека еден маж бил однесен на носилки откако самиот се запалил. Причината за инцидентот не е позната.

    Друг очевидец изјави дека мажот бил смирен додека се полевал себеси со течност.

    Мирис на чад се ширеше на плоштадот по инцидентот, а полицаец прскаше со противпожарен апарат по плочникот“, кажа еден очевидец.

    Известувач на „Ројтерс“ објави дека на брошурите пишувало „зли милијардери“ и се повикувале луѓето да ја разоткријат корупцијата, но не се спомнувал Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира