ЦЕЛА НЕДЕЛА НЕ СЕ ИЗДАВА ИНСУЛИН ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ ПОРАДИ СОФТВЕРСКИ ПРОБЛЕМ

    ЦЕЛА НЕДЕЛА НЕ СЕ ИЗДАВА ИНСУЛИН ВО ПОЛИКЛИНИКАТА БУКУРЕШТ ПОРАДИ СОФТВЕРСКИ ПРОБЛЕМВо нашата редакција се јавија граѓани дека цела недела биле враќани од Инсулинската аптека во Букурешт и дека вработените им велеле дека е паднат системот. (Фото: Здравствен дом Скопје)

    Цела недела е паднат системот во инсулинската аптека во скопската Поликлиника Букурешт, поради софтверски проблем и проблем со интернетот на „А1“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК, директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.

    Во нашата редакција се јавија граѓани дека цела недела биле враќани од Инсулинската аптека во Букурешт и дека вработените им велеле дека е паднат системот.

    „Од понеделникот до денес секој ден одам да подигнам инсулин за мојата баба. Секој ден ми велат дека е паднат системот, дека доаѓаат мајстори и не знаат кога ќе се поправи. Јас ги прашав што да правиме, како да се снаоѓаме за баба ми да не ја пропушти терапијата, ми рекоа дека може да појдам во најблиската аптека и ќе нѐ услужат“, ни изјави М.М.

    Директорот Исјановски вели дека имаат проблем со софтверот и интернетот, не само во Букурешт, туку и во Поликлиниката во Битпазар и дека работат на него.

    „Не знаеме дали се работи за хакерски напад, ми кажаа дека е глобален проблем, но верувам дека најбрзо ќе биде саниран“, рече Исјановски.

    Во Македонија околу 190.000 луѓе живеат со дијабетес, а 40.000 се на инсулинска терапија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира