КРАЛОТ ЧАРЛС ИМ СЕ ВРАЌА НА ЈАВНИТЕ ОБВРСКИ, ЛЕКУВАЊЕТО ОД РАК ДАВА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

    КРАЛОТ ЧАРЛС ИМ СЕ ВРАЌА НА ЈАВНИТЕ ОБВРСКИ, ЛЕКУВАЊЕТО ОД РАК ДАВА ДОБРИ РЕЗУЛТАТИБакингамската палата кажа дека е прерано да се каже уште колку ќе трае лекувањето

    Британскиот крал Чарлс ќе им се врати на своите јавни задолженија следната недела откако лекувањето од рак покажало охрабрувачки резултати, објави Бакингамската палата. Тој нема целосно да продолжи со своите официјални обврски како крал, но палатата на овој начин испраќа позитивни сигнали.

    Во вторник, тој симболично ќе посети центар за лекување на рак, а за летово е планирана и државна посета, при што ќе им биде домаќин на јапонските цар и царица.

    Кралот е многу охрабрен со тоа што се враќа на јавни настани“, соопшти Бакингамската палата, додавајќи дека Чарлс продолжува со лекувањето, за што засега нема краен термин.

    Прерано е да се каже уште колку ќе трае лекувањето“, рекоа од кралското семејство.

    Чарлс во февруари објави дека има рак, без да се наведе каков и дека веќе почнал со лекувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира